Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера на прес-конференција во Бразил по самитот на Г20 изјави дека Русија мора да ги преземе сите чекори за да се заштити. Изјавата на Ердоган доаѓа откако беше прашан што мисли за вчерашното руско намалување на прагот за нуклеарна одмазда, додавајќи дека НАТО треба „внимателно да ја разгледа руската изјава“.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера го намали прагот за нуклеарен напад како одговор на поширокиот опсег на конвенционални напади, а Кремљ објави дека Украина нападнала длабоко во Русија со ракети АТАКМС од американско производство.
На прес-конференцијата, Ердоган рече дека Турција мора да одржува добри односи и со Русија и со Украина и дека ќе продолжи да повикува на мир и покрај украинскиот напад врз Русија со помош на американски ракети АТАКМС, што според него „не е позитивно“.