Ердоган му рекол на Зеленски дека е подготвен да помогне во преговорите

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека разговарал со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за евакуација на цивили од Мариупол.

Зеленски на Твитер напиша дека во разговор со Ердоган ја истакнал потребата од итна евакуација на цивилите од Мариупол, вклучително и оние кои се кријат во фабриката за челик Азовстал.

Тој напомена дека разговарал со Ердоган пред неговиот планиран разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Украина ја повика Русија да дозволи евакуација на цивилите скриени во фабриката за челик Азовстал, каде се наоѓаат и преостанатите украински војници кои им даваат отпор на руските сили.

Зеленски рече дека тој и Ердоган разговарале и за текот на преговорите и можните безбедносни гаранции за Украина од Турција и други земји.

Кабинетот на Ердоган соопшти дека тој му рекол на Зеленски дека Турција е подготвена да посредува и да помогне во преговорите меѓу Украина и Русија

Поврзани новости