Ердоган може да добие уште еден мандат, води по првично преброените гласови 

by Fokus

Актуелниот претседател на Турција Реџеп Таип Ердоган би можел да добие нов мандат на таа функција, покажуваат првите прелиминарни податоци од денешниот втор круг од претседателските избори во Турција.

Според 49,39 отсто од преброените гласови, Ердоган води со 56,36 отсто од гласовите наспроти опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу, кој освои 43,64 отсто, јавува Турската радио-телевизија (ТРТ).

Сепак, во првиот круг, според првичните резултати, Ердоган имаше големо водство, но тоа се намали во текот на вечерта.

Според досегашните податоци, излезноста била 84,74 отсто, а гласале најмалку 24,1 милион граѓани.

Избирачките места се затворени во 17 часот по локално време.

Кандидатот на опозицијата за претседател на Турција, Кемал Киличдароглу, ги повика своите приврзаници да останат блиску до избирачките места и да внимаваат на гласачките кутии, со оглед дека „овие избори се одржуваат во многу тешки околности“.

„Изречени се секакви клевети, но јас верувам во здравиот разум на граѓаните. Демократијата сигурно ќе дојде во оваа земја, слободата ќе дојде и кај нас’,  – рече Киличдароглу.

Поврзани новости