Турција ќе спроведе сопствен проект за противвоздушна одбрана „Челична купола“, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
– Се надеваме дека ќе го реализираме нашиот проект „Челична купола“ со сите негови компоненти. Ако Израел има „железна купола“, тогаш ние ќе имаме „челична купола“, рече Ердоган во говорот за време на церемонијата на дипломирање во Академијата на воздухопловните сили.
Ердоган, како што пренесува Anadolu Balkan, особено го нагласи напредокот што го постигна Турција во областа на производството на беспилотни летала.
– На моментумот што го постигнавме во секторот на беспилотни летала со завист гледаат не само нашите пријателски и братски народи, туку и целиот свет – рече тој.
Ердоган ја повтори посветеноста на Анкара за понатамошно зајакнување на воените капацитети на Турција.
– Работиме на производство, развој или набавка на се што бара нашето воздухопловство, од проектили до системи за противвоздушна одбрана – рече Ердоган.
Тој нагласи дека Турција е особено посветена на производството во одбранбената индустрија.
– Настаните во нашиот регион не потсетуваат на важноста на чекорите што ги направивме на полето на одбранбената индустрија во последните 22 години – рече турскиот претседател.