Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја прогласи среда, 22 јануари, за ден на жалост во земјата по пожарот во ски-центарот Карталкаја, во кој загинаа најмалку 76 лица.
„Оние кои предизвикаа таква катастрофа, на кој било начин, и оние кои беа немарни и постапија погрешно, ќе одговараат пред законот“, рече Ердоган по состанокот на владата, јавува Anadolu.
Тој додаде дека во првата фаза се приведени четири лица, меѓу кои и сопственикот на хотелот во кој се случила катастрофата. Последователно беше објавено дека се зголемил и бројот на апсења.
Ердоган изрази сочувство до семејствата и роднините на загинатите, а на 51 повредено лице им посака брзо закрепнување, од кои едно лице е на интензивна нега, а 17 се пуштени на домашно лекување.
Тој рече дека во гаснењето на пожарот учествувале 156 противпожарни возила и 428 лица од различни институции.
Ердоган рече дека се започнати административни и судски истраги за да се утврди причината за пожарот и кој е одговорен за катастрофата.