Ердоган ја потпиша ратификацијата на кандидатурата на Шведска за членство во НАТО

by Fokus

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја потпиша ратификацијата на шведската кандидатура за членство во НАТО, која беше усвоена од парламентот, објавено е во официјалниот весник на земјата.

Турскиот парламент го поддржа пристапувањето на Шведска на гласање во вторникот.

Унгарија сега е единствениот сојузник во НАТО што не го ратификуваше приемот на Шведска, пренесува Танјуг, повикувајќи се на АП.

Турција го одложи одобрувањето на членството на Шведска повеќе од една година, обвинувајќи ја земјата дека е премногу попустлива кон организациите кои Анкара ги смета за терористички.

Таа побара отстапки од Стокхолм, вклучително и потези за борба против тие групи.

Ердоган ја поврза ратификацијата на шведското членство во НАТО со одобрувањето од САД на барањето на Турција за купување на 40 нови борбени авиони Ф-16 и комплети за модернизација на постојната турска флота.

Тој, исто така, ја повика Канада и другите сојузници на НАТО да го укинат ембаргото за оружје за Турција.

Поврзани новости