Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја нема проблеми со Грција се додека Грците не прават проблеми во Егејското Море.
Турција ја тестираше својата балистичка ракета со краток дострел Тајфун во октомври, која може да погоди цел на растојание од 561 километар за 456 секунди.
-Колку е дострелот на Тајфунот? Тој е 561 километар. Што направија Грците? Весниците веднаш излегоа со наслови „Ќе ја погоди Атина“. Немаме таков проблем се додека не се плеткате со нас во Егејскиот регион. Се додека не се плеткате со нас во Егејот, ние нема да се плеткаме со вас – рече Ердоган во Анталија.
Турција е членка на НАТО повеќе од 70 години и предупреди на провокативните дејствија и реторика на Грција во регионот во последните месеци, вклучително и вооружувањето на островите во близина на бреговите на Турција кои се демилитаризирани.