420
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека тој и рускиот претседател Владимир Путин се договориле за формирање центар за природен гас во Турција, со што Европа ќе добива гас преку Турција, пишува Ројтерс.
-Во Европа сега се занимаваат со прашањето како да се стоплат во претстојната зима. Ние немаме таков проблем. Со Владимир Путин се договоривме за создавање на гасен центар во нашата земја преку кој, како што вели , природен гас може да се испорачува во Европа. Европа треба да нарача гас од Турција, рече Ердоган.