Ердоган и официјално е победник на изборите во Турција

by Fokus

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и официјално е прогласен за победник на вториот круг од претседателските избори одржани на 28 мај, изјави претседателот на турскиот Врховен изборен совет, Ахмет Јенер.

„Советот ги разгледа сите приговори поврзани со изборните резултати. Конечните резултати од вториот круг се испратени на објавување во државниот весник“, изјави Јенер во интервју за неколку локални телевизиски станици.

Тој изјави дека Ердоган (69) освоил 52,18 отсто од гласовите и дека е потврдено дека тој е избран за претседател на Турција. Така, Ердоган и официјално беше прогласен за претседател на земјата и ќе положи заклетва во парламентот во сабота на 3 јуни, пренесе ТАСС.

Јенер изјави дека излезноста во вториот круг од изборите во Турција била 85,72 отсто, а во странство 56,34 отсто. Вкупниот одѕив во земјата и во странство бил 84,15 отсто, а гласале 54,02 милиони турски граѓани.

Поврзани новости