Ердоган го спореди Нетанјаху со Милошевиќ, Караџиќ и Хитлер

by Fokus

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска вети дека Турција ќе стори „се што е можно“ за да ги изнесе „варварската“ влада и Бенјамин Нетанјаху на одговорност, споредувајќи го израелскиот премиер со Слободан Милошевиќ, Радован Караџиќ и Адолф Хитлер.

„Турција ќе стори сé што е можно за да ги изведе овие варвари и овие убијци кои немаат никаква врска со човештвото на одговорност“, рече Ердоган за израелскиот напад врз градот Рафах во Појасот Газа, кој започна минатиот викенд.

Тој додаде дека „масакрот, еден ден по жалбата на Меѓународниот суд на правдата за запирање на нападите, уште еднаш го покажа суровото и предавничко лице на терористичката држава“.

„Исто како Хитлер, Милошевиќ, Караџиќ и другите восхитувани фараони на историјата, тие нема да можат да избегаат од проклетството“, рече Ердоган.

Палестинските власти и Хамас го обвинија Израел дека извршил „масакр“ со гаѓање центар за раселени лица во близина на Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, каде што загинаа најмалку 40 лица, а 64 се ранети. Израелската армија соопшти дека целта биле терористи.

 

Поврзани новости