298
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го прогласи петок 2 август за ден на жалост поради атентатот на политичкиот лидер на Хамас – Исмаил Ханије.
„За да ја покажеме нашата поддршка и солидарност со нашите браќа и сестри Палестинци, утре е прогласен за Ден на национална жалост за мачеништвото на претседателот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије“, напиша Ердоган на платформата Х, пренесува Ројтерс.
Ханије беше убиен во средата рано наутро во неговата резиденција во Техеран, каде што отпатува за да присуствува на церемонијата на инаугурација на претседателот Масуд Пезешкијан.