815
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган рече дека претседателот на САД Џо Бајден има „крвави раце“ поради поддршката на Израел во судирот со Хамас.
Ердоган во текот на изминатите месеци се обидува да ги поправи односите со Вашингтон и да се приближи со другите западни сојузници, но тој денес го критикуваше Бајден во телевизиско обраќање во живо.
-Ја пишувате историјата со вашите крвави раце. Вие не приморавте тоа да го кажеме бидејќи не можеме повеќе да молчиме за тоа – истакна Ердоган.
Тој минатата недела го обвини Израел за тероризам и порача дека ќе го собере светот во одбрана на Газа.