331
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поради здравствени причини ги откажа планираните предизборни собири за денеска и утре.
„Денеска, по совет на лекарот, ќе одмарам дома“, напиша Ердоган на Твитер.
Ердоган доцна синоќа го прекина телевизиското интервју во живо, велејќи дека му е лошо и дека има стомачни тегоби.
Шефот на државата нема да може лично да присуствува на свеченото отворање на нуклеарната централа Акују, а планирал да биде таму во друштво на Владимир Путин.
Нуклеарната централа е изградена од руски компании, а неодамна Путин ја откажа посетата.