Ердоган доби моќно оружје, противракетен систем Ц-400

by Fokus

Првата серија компоненти од рускиот противракетен систем Ц-400 се испорачани во воздухопловната база во близина на Анкара, соопшти турското министерство за одбрана.

Останатите компоненти од Ц-400 ќе бидат испорачани во следните неколку денови, извести турската администрација за одбрана.

САД се противеше на овој договор и се одбидуваше да ја спречи Анкара во нејзината намера да го купи рускиот противракетен систем.

Вашингтон претходно и се закани на Анкара дека ќе ја исклучи од програмата Ф-35 доколку ги купи од Русија Ц-400.

Противракетниот систем Ц-400 може да погоди мети на растојание од 400 километри и на висина до 35 километри.

Поврзани новости