393
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган денеска разговараше со претседателот на Русија, Владимир Путин.
Ердоган во телефонски разговор му рекол на Путин дека молкот на западните земји ја влошува хуманитарната криза во Газа, соопшти кабинетот на турскиот претседател.
Во соопштението се наведува дека Ердоган му рекол на Путин дека дивјаштвото кон палестинските земји се продлабочува и дека постојано се убиваат цивили.
Тој повтори дека Анкара ќе продолжи да работи за постигнување мир во регионот, се додава во соопштението.