Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и порача на Грција да им овозможи на мигрантите да ги пропушти да заминат во други европски земји, бидејќи, како што рече, растат тензиите на границата меѓу двете држави.
-Грција, овие луѓе не доаѓаат кај вас да останат, тие доаѓаат и одат во други европски земји. Зошто тоа ви пречи? Само отворете ја вратата за нив – рече Ердоган.
Притоа, тој ја критикуваше Грција за нелегално враќање на мигрантите во Турција, обвинувајќи ја за „тепање, убивање и измачување“.
Грчката влада, пак, во неделата објави ноќно видео од границата, на кое, наводно, се гледа како турско воено возило отстранува ограда.
Турскиот претседател ќе отпатува за Брисел во понеделник на разговори за договорот од 2016 година меѓу Турција и Европската унија, како и за ситуацијата во северозападна Сирија.