275
Претседателот на Турција – Реџеп Таип Ердоган повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Тој рече дека во Газа се случуваат злосторства против човештвото.
Ердоган и досега и даваше силна поддршка на палестинската страна за време на конфликтот со Израел.
„Нема начин да се објасни или оправда бруталноста на која бевме сведоци од 7 октомври. Да бидам искрен, во Газа се вршат злосторства против човештвото точно 28 дена“, порача Ердоган од главниот град на Казахстан.
„Наш приоритет е брзото воспоставување на хуманитарен прекин на огнот. Турција работи на нови механизми кои ќе гарантираат безбедност за сите, без разлика дали се муслимани, христијани или Евреи“, додаде тој.