488
Партијата Правда и развој, на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поднесе жалба со која бара да се помиштат и повторно да се одржат општинските избори во Истанбул.
Доколку биде усвоена жалбата, повторените избори ќе се одржат во првата недела – 60 денови после првото гласање, односно на 2 јуни.
Според првичните резултати, главната опозициска Републиканска народна партија тесно победи во Истанбул, откако 25 години тој град беше под контрола на партијата на Ердоган.