368
26-годишна тетовчанка со иницијали А.Ф. вчера пријавила во полиција дека 24-годишниот Џ.З. од скопското село Радишани ја уценувал.
Според нејзината изјава, во декември минатата година остварила контакт со него преку социјалната мрежа Инстаграм, а пред извесно време Џ.З. почнал да и се заканува.
Тој и пишувал пораки дека лично и семејно ќе ја уништи, по што побарал да му испрати интимни фотографии. Плашејќи се за својата безбедност, таа му испратила една фотографија, а Џ.З. и се заканил дека ќе ја објави фотографијата на Фејсбук и дека ќе ја компромитира на различни начини, ако не излезе со него.
Се работи на целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.