„Еразмус“ ќе почне од почеток, поротник заминува за Германија

by fokus

Еден од судијата поротници во судечкиот совет кој го води предметот „Еразмус“ во кој им се суди на поранешниот декан и неколкумина професори, за седум дена заминува да работи во Германија, па судењето ќе мора да почне од почеток.

Претседателот на советот, судијата Владимир Туфегџиќ соопшти дека пред почетокот на денешното рочиште на кое требаше да има завршни зборови, поротникот ги известил дека добил  работна виза и за седум дена заминува за Германија. Со оглед на тоа дека за седум дена судечкиот совет проценил дека не може да донесе пресуда, испратил барање до претседателот на судот за назначување на нов судија поротник.

За седум дена судот не би можел да ги анализира завршните зборови кои на денешното рочиште требаше да ги дадат обвинителството и одбраната и да донесе пресуда која требаше да биде соопштена на 3 февруари.

Па затоа тогаш наместо пресуда, судењето ќе почне од почеток, но со согласност на одбраната доказите само ќе се прочитаат и нема да бидат изведувани, па тогаш може да бидат дадени и завршните зборови.

Во овој случај за земање мито за полагање испити, обвинети се поранешниот декан на Економскиот факултет, Бобек Шуклев, неколкумина професори и демонстратор.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости