Протогер: Дај му на Кире податоци за цигани, денес да завршите со исплата

by fokus

Во моментот во Кривичниот суд оддекнуваат “бомби”, предложени како доказ за случајот “Титаник”, односно за изборните манипулации во 2011 или 2013 година, за што обвинето е претходното  раководство на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со екс премиерот Никола Груевски.

Прислушуваните разговори кои денеска се слушаат се однесуваат на предвремените парламентарни избори, кои се оддржаа на 5 јуни 2011 година.

На пет ден до оддржувањето на изборите Мартин Протогер му се јавува на министерот Миле Јанакиески и му дава задача.

-Дај му на Кире податоци за цигани, мигани, денес мора да се заврши со исплата. Му дадов рок на Кире до денес, му вели Протогер на Јанакиески.

Потоа во разговор меѓу Јанакиески и Кирил Божиновски се зборува за организирано носење на гласачи од Италија.

-Миле твоја ли е генијалнава идеја со шест автобуси да носиме гласачи од Италија?, го прашува Божиновски министерот Јанакиески.

Тој пак му се правда и вели: “Мартин ми рече”.

По ова Божиновски пресметува и вели дека на тој начин би дошле 300 гласачи по што ја прекинуваат комуникацијата.

 

Поврзани новости