Епицентарот на војната во Украина, градот Бахмут, каде дневно гинат 300 руски војници

by Fokus

Руските војници и борците на приватната компанија „Вагнер“ речиси шест месеци се борат да го заземат Бахмут, град со 70.000 жители, кој беше познат по своите пенливи вина пред војната.

Секојдневното руско бомбардирање го претворија некогаш елегантниот центар на градот во куп уништени фасади, противтенковски пречки и ископани ровови. Бахмут, и покрај ненадејната инвазија на Русите, се спротивстави на нападите цели шест месеци, а многумина стравуваат од крвав напад во пресрет на Божиќ.

Украинските команданти тврдат дека Русите секојдневно губат меѓу 100 и 300 војници во оваа област. Новомобилизираните руски регрути упаднаа на територијата на Украина, а на секоја испукана граната, Украинците одговараат со најмалку девет.

Русите влегоа во источните предградија на Бахмут на почетокот на јули, по последната успешна офанзива кон Лисичанск и Северодоњек. Потоа, украинските сили ги протераа руските трупи од големи области на регионите Харков, Доњецк и Керсон во контра напади.


Бахмут остана главното бојно поле со огромна концентрација на руска огнена моќ, иако никој не разбира зошто затоа што нема големо стратешко значење.

Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, регрутирал десетици илјади криминалци во руските затвори за нападот на Бахмут, а повеќето од мобилизираните Руси биле вклучени во оваа операција.

Според многумина, судбините на Евгениј Пригожин и шефот на Путиновата војна во Украина, генералот Сергеј Суровикин се директно поврзани со Бахмут и зависат од директната руска контрола над овој град, пишува Волстрит журнал.


Пригожин  во борбите во Бахмут има намера да го докаже статусот на приватната Вагнер војска како најдобра борбена единица во Русија, а Суровикин наводно му ветил на Путин совојување на Бахмут оправдувајќи ја потребата за руско повлекување од Херсон во ноември.

Путин , како што се тврди, се противел на повлекувањето на руските трупи од Херсонската област, но генерал Суровикин го уверил дека војниците повлечени од југот на Украина успешно ќе бидат искористени за нова офанзива на исток.

Бахмут сè уште е главно психолошко упориште за Киев: повлекувањето од него би значело да му се даде на Путин она што го сака и дополнително би довело до губење на украинската иницијатива за враќање на окупираните територии, по четири месеци систематски воени успеси.

Затоа  руската армија неодамна го засили овој фронт со голем број  нови и одморени војници, а Украинците наскоро би можеле целосно да се ослободат од рускиот притисок,  велат воените аналитичари.

Поврзани новости