Епицентарот на синоќешниот земјотрес бил во Албанија

by fokus

Епицентарот на земјотресот кој синоќа беше почувствуван во Македонија бил во Албанија, на 97 километри југозападно од Скопје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистрирала земјотрес со локална магнитуда од 3,1 степени по Рихтер синоќа во 22.44 часот

-Според досегашните информации, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на нашата Република, со интензитет од II – III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Опсерваторијата.

Поврзани новости