Епидемиолозите поделени за одржување на свадби во затворен простор

by Fokus

Семејните веселби почнаа да се одржуваат на отворен простор во земјава, а има и барања од младоженците овие забави да се одржуваат и во затворен простор.

Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека кај епидемиолозите има поделено мислење за ваквото барање кај младите.

„Ќе ги разгледаме тие барања. Можам да кажам дека епидемиолозите се поделени за свадби на затворено. Се трудиме да видиме дали може да направиме нешто и не може да утврдиме дали ќе имаме влошување на состојбата“, рече Филипче.

Поврзани новости