Епидемиологот Предраг Кон денеска изјави дека рестриктивните мерки против коронавирусот во Србија даваат резултати, но дека единствениот излез е масовната вакцинација, јави дописникот на МИА од Белград.
-Секако, мерките даваат резултат, се обидуваме да најдеме рамнотежа што е тешко да ја разберат дури и некои лекари. Мора да ги сочуваме работните места, од друга страна, тука е вакцинацијата. Брзината на вакцинацијата директно влијае на вакцинацијата, изјави Кон за ТВ Б92.
Тој ја откри статистиката за бројот на вакцинирани во Белград.
-Белград достигна 42 отсто од луѓето кои примиле барем една доза, а околу 30 отсто што примиле две дози. Оваа ситуација не може да се спореди кога опфатот е едвај двоцифрен. Пад има во Ниш и Нови Сад. Во такви околности, она што може да се очекува е дека таму каде што има поголема обем на вакцинација ќе има побрз пад на вирусот и тоа не може да се игнорира, додаде Кон.