Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фауџи изјави дека пандемијата на корона вирусот ќе биде запрена благодарение на науката и вакцината.
-Во текот на изминатите неколку дена науката ни даде вакцина која, кога ќе се дистрибуира до луѓето низ целата земја, и се надевам и низ целиот свет, ќе ја уништи оваа епидемија што навистина не тероризираше во последните 11 месеци, не само овде во САД, туку и низ целиот свет, рече Фаучи, пренесен од Си-Ен-Ен.
За време на виртуелна конференција, што вчера ја организираше Универзитетот Дјук, во Северна Каролина, Фаучи кажа дека биомедицинските истражувања и науката ни дадоа нешто што пред само една деценија ќе изгледаше незамисливо, во ситуација кога имаме нов вирус, што никогаш порано го немавме, и најголемата пандемија во последните 100 години.
Фаучи, исто така, истакна дека е разнишана светската економија и дека луѓето страдаат поради тоа, не само поради самата болест, туку и поради сите секундарни последици од ваква глобална пандемија.
Американската Управа за храна и лекови (ФДА) претходно издаде итна дозвола за користење на вакцината изработена од компанијата „Модерена“, откако пред неколку дена ја одобри и вакцината на компаниите „Фајзер„ и „БиоНТек“.