Не може да се организира масовен настан од која било природа ако не се исполнети овие критериуми: да не се регистрирани заразени случаи за време на двете максимални инкубации.
Ова го истакна епидемиологот Драган Даниловски, директор на Институтот за епидемиологија и биостатистика на Медицинскиот факултет во Скопје на прашање за изборите во интервју за хрватски Тпортал.
„Очигледно, таков критериум е тешко да се исполни. И затоа практично сите одлуки за масовните настани се, пред сè, политички. Станува збор за уметност на управување, уметност при избор на најповолен компромис помеѓу здравствени ризици за населението од една страна и други видови на ризици (социјални, економски, политички). Основниот принцип е: мерките преземени во дадена криза никогаш не смеат да предизвикаат поголема штета отколку што би била предизвикана од таа криза“, рече Даниловски.