Вториот човек на украинската воена разузнавачка служба, Вадим Скибицки, откри дека Украина моментално губи на првите линии и е целосно зависна од пристигнувањето на оружје од Запад.
Тој вели дека ја потрошиле речиси целата своја артилериска муниција и сега користат ракети на НАТО.
Но, ситуацијата се влошува, додава тој, бидејќи на Европа и снемува оружје.
-Иднината сега ќе се решава на фронтот, а ние губиме во контекст на артилерија. Сега се зависи од тоа што ќе добиеме од Запад. Украина има едно парче артилерија за 10 до 15 руски – рече тој.
Британското разузнавање, пак, утринава објави дека Русија се бори да обезбеди основни јавни услуги за населението на териториите што ги зазема.
Проблеми има и со водоснабдувањето како и со телефонските и интернет-услугите.
Во Керсон има критичен недостиг на лекови, додека на Мариупол му се заканува голема епидемија на колера.
-Медицинските служби во Мариупол веројатно веќе се блиску до колапс. Епидемијата на колера дополнително ќе влоши ситуација – велат од британското Министерство за одбрана.
Ризикот од колера во Мариупол го потврди и пребегнатиот заменик-градоначалник Серхи Орлов.