317
Репрезентацијата на Франција го освои бронзениот медал, трето место, на тринаесеттото Европско првенство за ракомет. Актуелниот светскиот првак Франција беше подобар од олимпискиот шампион Данска 32-29 полувреме 17-14.
Никола Карабатиќ со 9 гола беше најефикасен во редовите на „Триколорите“, додека кај Данците, а воедно и на натпреварот со 12 постигнати гола најефикасен беше Ханс Линдберг.
Кој ќе го освои златото, а кој ќе мора да се задоволи со среброто на ова првенство, ќе дознаеме набрзо по одигрувањето на финалето меѓу Шпанија и Шведска чиј почеток е закажан за 20 часот и 30 минути.