369
Европскиот Парлaмент минатата седмица ги оцени состојбите со правата на ЛГБТ луѓето во Македонија, Србија и Косово и им препорачаа на земјите да поработат на подобрување на позицијата на ЛГБТ граѓаните.
ЕП усвои три годишни извештаи за кандидатите и потенцијалните кандидати за членство во ЕУ.
Што се однесува на Македонија, Парламентот нагласува дека земјата треба да ја усогласи законската заштита од дискриминација според стандардите на Европската унија, посебно во однос на дискриминацијата при вработувањето врз основа на сексуалната ориентација.
Европратениците изразија загриженост дека нетолеранцијата, дискриминацијата и нападите врз ЛГБТИ луѓето не запираат.