ЕП ја изгласа Резолуцијата со која ги повикува членките на ЕУ да ја поправат грешката кон Македонија и Албанија

by fokus

Со 412 гласа, 136 против и 30 воздржани, Европскиот Парламент изгласа Резолуција со која ги повикува земјите-членки на ЕУ да донесат одлука за почнување преговори со Македонија и Албанија.

Во резолуцијата се забележува дека иако и двете земји ги исполниле условите за отворање на преговорите, поради Франција, Холандија и Данска, ЕУ не успеала да ги отвори пристапните преговори.

Резолуцијата беше поднесена од 58 европратеници, кои изразија „длабоко разочарување од неможноста на Унијата да почне пристапни преговори“.

Поврзани новости