Обвинет за 27 април: Единаесет обвинети сме во притвор, а првообвинетите поради кои сите сме седнати во судница се дома!

by fokus

Обвинетиот Вилијам Михајловски, еден од обвинетите за насилството што се случи на 27 април 2017 година во Собранието, на денешното судско рочиште побара да му се укине притворот, истакнувајќи дека не е фер тој и уште неколкумина да се во притвор, а првообвинетите поради кои биле обвинети да седат дома.

-Веќе една година, единаесет обвинети сме во притвор, а првообвинетите поради кои сите сме тука, се веќе шест месеци дома, рече обвинетиот Михајловски.

Тој додаде дека 60 дена протестирал, а тој ден влегол во Собранието бидејќи тоа му било овозможено, односно вратите ширум биле отворени.

-Цели 60 дена протестирав без ниту еден инцидент. И тој ден ќе протестирав и ќе си отидев дома, но вратите на Собранието беа ширум отворени па ме понесе целата атмосфера, поради што влегоа над илјада граѓани, истакна обвинетиот.

Поврзани новости