Северна Македонија во голема мера закрепна од неодржливото енергетско опкружување, но допрва претстојат вистински предизвици, порача амбасадорката на САД, Анџела Агелер, на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) што се одржува во Скопје.
Според неа, енергетската сигурност и зелената енергија се двата приоритетa кои ќе треба да ги надминат партиските политики.
Агелер нагласи дека Македонија треба да го заврши грчко-македонскиот гасовод кој, како што рече, ќе ги елиминира, зависноста од Русија и заканите на одредени прекини во снабдувањето.
– Со интерконекторот Северна Македонија ќе може да гради централи со погон на гас и да ја олесни транзицијата на земјата од јаглен кон други извори, рече Агелер, нагласувајќи ја поддршката од САД за спроведување на зелената транзиција.