Енергетска криза во Косово, под ризик цела Европа

by Фокус

Собранието на Косово со 57 гласа „за” и 17 воздржани прогласи вонредна енергетска состојба, со што ќе се олесни на Владата да донесе вонредни мерки за ограничување на снабдувањето со енергија.

Вонредните мерки ќе важат најмногу 60 дена, но Собранието може да ги продолжи за уште 30.

Тие вклучуваат наметнување ограничувања за снабдување со енергија на потрошувачите и наметнување посебни обврски за енергетските компании.

Во меѓувреме, Европска мрежа на оператори на преносниот систем предупреди дека големата побарувачка за струја на Косово може да го загрози снабдувањето во Европа.

Поврзани новости