Енергетиката не е купи ден продај, вели Мицкоски

by Fokus

На новинарско прашање во врска енергетската криза и ценовниот шок, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека поскапувањето на струјата е неизбежно, а можеше да се спречи.

-Требаше да ги подготват акумулациите да има вода во акумулациите и плански да ги трошат. Требаше да ги подготват ископите на рудниците за да има доволно откриен јаглен или потенцијал за новооткриен јаглен. Требаше да продолжат со модернизацијата, ремонт на производствените постројки. Така немаше да се спасува ликвидноста на АД ЕСМ. Ние предупредувавме затоа што енергетиката не е купи ден продај, и не служи за дневно политички цели. Во енергетиката се планира за 10 години однапред, истакна Мицкоски и побара ценовниот шок да се спречи со продолжување на мерката која претходно ја предложиле, а тоа е да се има повластена ставка на ДДВ-то до крајот на годината за горивата и за прехранбените производи, односно за сите производи како што беше досега.

Поврзани новости