Контроверзниот американски инфлуенсер Ендрју Тејт е обвинет во Романија под сомнение за силување, трговија со луѓе и формирање на организирана криминална група за сексуална експлоатација на жени. Обвинети беа и неговиот брат Тристан и двајцата соработници. Сите ја негираат вината.
Браќата Тејт првпат беа уапсени лани во нивната куќа во Букурешт. Тие се префрлени во домашен притвор на 31 мај, според одлуката на романскиот суд. Полицијата му ги конфискува луксузните автомобили
„Јас сум сила на доброто, работам по Божја наредба“, изјави Ендрју Тејт за Би-Би-Си.
Романската полиција ја прошири истрагата против Ендрју Тејт. Во обвинението доставено до судот во Букурешт, се наведува дека четворицата обвинети во 2021 година организирале криминална група која се занимавала со трговија со луѓе во Романија, но и во други земји како Америка и Британија.
Именувани се и седум жртви кои наводно биле регрутирани од браќата Тејт ветувајќи им љубов и брак.
Ендрју Тејт е обвинет за силување на една од жртвите, додека неговиот брат е обвинет за поттикнување друга да изврши насилство. Судењето нема да започне веднаш и се очекува да трае неколку години.
Судот во Романија сега има 60 дена да го разгледа обвинението, пред случајот да оди на суд.