„Емпатијата, упорноста и желбата за надградба како модерни трансформатори во образованието“

Интервју со Проф. д-р Александра Србиновска - Дончевски, заменик директорка на АУЕ-ФОН

by fokus

Конзистентната нега на личната надградба, како и фокусот за постојано вложување во професионалниот развој е аксиомот на модерната ера во којашто живееме или појдовното начело како јадро, од кое скоро секогаш се стекнува моќ и можност за пренесување на бесценето знаење на новите генерации, а токму во истото лежи надежта за позитивна иднина за модерно, напредно, инклузивно и емпатично општество за сите.

Следејќи ја таа насока веќе неколку децении, со веќе богато и импресивно работно и професионално искуство, кое се простира низ повеќе од 19 години во рамките на Американскиот универзитет на Европа-ФОН во Скопје, Проф. д-р Александра Србиновска – Дончевски е личност која ужива безброј пофалби од универзитетскиот кадар на АУЕ-ФОН и од самите студенти, но секако и пошироко од голем број на соработници и партнери во државата и надвор.

За нејзината професионалност и стручност зборуваат безбројните реализирани обуки, предавања, настани, издадени трудови, секојдневната надградба и имплементација на визијата на АУЕ-ФОН за секогаш подобри и најмодерни услови за квалитетно и достапно образование за сите.  Но, тука се  и нејзината вклученост и реализација на голем број хуманитарни проекти преку кои докажува дека емпатијата, упорноста и желбата за успех се двигател за мотивација, инспирација и поттик за градење успешен личен и професионален развој во прилично традиционално општество кое за многумина сè уште е во фаза на транзиционен период во поглед на многу теми.

Реномето на Проф. д-р Александра Србиновска – Дончевски е резултат на долгогодишен труд и постигнати успеси во диверзифицирани сфери во образованието, а истото е видливо во долгото резиме, кое посочува дека со секој преземен чекор низ годините во рамките на својата едукација и доедукација, како и во професионалната кариера, секоја личност има потенцијал да ја изгради својата визија за себе, а притоа со истото да ја надгради и трансформира околината во која делува, во овој случај образованието.

 

  1. Започнавте со кампања за рано пријавување „Студирај на АУЕ-ФОН, плати како на државен“ каде за прв пат применувате холистички пристап за аплицирање на сите заинтересирани. Од каде идејата за овој начин на аплицирање?

Уникатните услови за значително квалитетно универзитетско образование со универзитетски кадар којшто постојано се надградува во земјата и во странство, притоа применувајќи модернизирани форми и пристапи во едукативниот процес во рамките на достапните програми на сите факултети, е формула која повеќе од 19 години успешно се имплементира во образовниот систем на Американскиот универзитет на Европа-ФОН и секогаш е прифатена од страна на сите домашни и странски студенти. Доказ се големиот број на алумни, кои своето стекнато знаење и негувани вредности, а воедно и перцепција и ставови за голем број на сегменти во општеството, квалитетно ги користат како тули за градење на своите кариери, коишто досега низ годините се покажале како уникатен пример и отскочна даска во поглед на длабочината на вредноста на секоја здобиена диплома од АУЕ-ФОН.

Сето тоа беше нашата главна инспирација и поттик за стартување на кампања за рано пријавување, со помош на која се овозможува ексклузивна шанса на сите заинтересирани средношколци својата иднина да ни ја доверат токму нам. Затоа, вратата којашто води до патот до квалитетно и модерно универзитетско образование е широко отворена за секој кој верува во моќта на знаењето и бесконечната надградба токму во најважните години во формирањето на една возрасна личност, која се подготвува за сите лични и професионални идни  предизвици со коишто ќе се соочи во животот.

Квалитетот на достапните програми, искусните универзитетски професори и диверзифицираните опции за разновидна палета на факултети при АУЕ-ФОН во рамките на актуелната кампања „Студирај на АУЕ-ФОН, плати како на државен“, го збогативме со можност за финансиско олеснување — чекор со којшто холистички го заокружуваме пристапот до најдобрата одлука за безгрижна и квалитетна едукација во АУЕ-ФОН. Самата кампања целосно се вклопува со агендата на Обединетите Нации за достигнување на зацртаните цели за одржлив развој до 2030 година. Согласно оваа агенда, целта е овозможување на квалитетно образование, што претставува целосна инклузија и спојување на заедничката визија на ОН и АУЕ-ФОН за следното поглавје за младите студенти во државата. Токму тоа е инспирацијата и апелот на АУЕ-ФОН до секој млад матурант или личност — “Be part of the next chapter”.

 

  1. Кои се бенефитите од кампањата, какви се реакциите и интересот до сега?

Кампањата за рано пријавување го докажа она во кое ние како универзитет верувавме и претходно. Сега, само дополнително се потврдува фактот дека голем број на матуранти како прв и најдобар избор за факултетско образование го посочуваат токму АУЕ-ФОН. Покрај сите наши достигнати и важни пресвртници низ годините, од успех до успех, ова е можеби нашето најголемо достигнување.

Уште еден доказ за тоа е транспарентниот приказ за моменталниот број на лица кои го имаат искажано својот интерес да бидат дел од приказната на АУЕ-ФОН и да ја искористат уникатната можност во рамките на кампањата за рано пријавување. Бројката веќе надминува над 700 заинтересирани лица. Позитивните реакции се зголемуваат секојдневно од страна на голем број наши соработници, партнери, студенти, како и родители, кои визијата за обезбедување на квалитетно образование на своите деца како цврста подлога за градење на успешна идна кариера, ни ја доверуваат токму нам.

  1. Како универзитет имате долга традиција, со речиси 20 години искуство во високото образование. Кој е рецептот за опстојување во една конкурентна средина во сферата на високото образование?

Трансформативната визија на АУЕ-ФОН со постојаниот фокус за подобрување и на најситните детали на целосниот универзитетски систем, којшто темелно се гради и надградува скоро две децении согласно најновите трендови и очекувањата на младите генерации за тоа што значи квалитетно, ценето, вредно, реномирано и практично високо образование, претставува срцето на нашиот успех. Нè радува фактот што сме предводници во високото образование, како сфера во општеството која секогаш ќе остане мегдан за конкуренција. Тоа е исклучително важно, затоа што токму заради силната конкуренција образованието мора секогаш да биде подобрувано и трансформирано за доброто на младите и нивен развој во личности со проширени хоризонти кои несомнено оставаат длабоки траги, без разлика во која насока ќе одлучат да се развиваат во иднина на професионален план.

Сo верувањето и практикувањето секогаш да бидеме подобри од вчера и подготвеноста постојано да ги подобруваме нашите модерни факултетски програми е концепт на АУЕ-ФОН којшто има голем удел во спречување на трендот на одлив на мозоци од државата, како еден од нашите главни фокуси. Оттука, нашата цел е на сите млади луѓе да им овозможиме реална можност за квалитетно американско образование без заминување од државата, со вклопен и активен европски кредит-трансфер систем и акредитирање во САД, како и разновидна палета на достапни стипендии за најдобрите. Се разбира, тука е и нашата посветеност и борба за еднаквост и инклузивност за студентите со попреченост, кои во АУЕ-ФОН се рамноправни и подеднакво вреднувани како личности во секој поглед.

Една од најдобрите одлуки коишто го вивнаа АУЕ-ФОН како единствена образовна институција на овој простор е уникатната шанса за бесплатна подготовка за државна матура од страна на реномирани професори од нашиот универзитет. Оваа единствена можност привлече енормно голем број на матуранти кои веруваат во потенцијалот на универзитетот и во стручноста на нашиот наставен академски кадар, кој со огромна посветеност и позитивна енергија им го пренесува своето знаење на младите. Со својот интерес за подготовка за државна матура, матурантите ја покажаа својата трансформирачка сила која ветува многу за иднината на нашето општество и за подобрување на рејтингот на македонскиот високо – образовен систем и квалитетната младина која произлегува од него.

  1. Зошто АУЕ-ФОН е избор на секој студент?

Како заменик директор на Американскиот универзитет на Европа-ФОН во Скопје, а воедно и редовен професор при Факултетот за Правни и политички науки, активно сум вклучена во креирање на политиките и имплементација на визијата на АУЕ-ФОН за модерно и квалитетно високо образование.

Секојдневно сме посветени на подобрување и модернизирање на условите за едукација, за обезбедување на современа технологија и акредитирани квалитетни програми за нашите студенти. Затоа, нè радува фактот постојаното зголемување на бројот на поддржувачи, партнери и соработници од голем број на респектабилни институции, како во земјата така и во странство, како и зголемениот број на запишани студенти кои по завршувањето на своите студии низ нашите врати излегуваат како целосно оформени личности кои се подготвени да го активираат својот потенцијал при своето прво работно искуство, притоа докажувајќи ја вредноста на институцијата којашто стои зад знаењето на секој студент, како веќе изградени и млади космополити, подготвени да го променат светот.

ПР текст

Поврзани новости