Португалија загуби од Мароко со 0-1 во четвртфиналето на Мундијалот во Катар, а со тоа заврши и сонот на Роналдо да ја освои „Божицата“. Тој ниту од својот петти обид не стигна до титулата која му недостига и најверојатно никогаш нема да го освои трофејот затоа што е блиску до репрезентативна пензија.
„Освојувањето на СП со Португалија беше мојот најголем и најамбициозен сон во кариерата. За жал, по освојување на многу титули на интернационално поле, вклучувајќи ја и Португалија, сонот се урна вчера. Се борев, се борев силно за овој сон. Во пет настапи давав голови на СП во 16 години, секогаш покрај големи играчи и со поддршка на милиони Португалци. Дадов се што имав. Никогаш не бегав од битката и никогаш не се предадов во тој сон. За жал, тој сон заврши и не вреди да се реагира во жештината на моментот.
Сакам само да знаете дека многу работи се кажаа, се напишаа, се шпекулираа, но мојата посветеност кон татковината остана иста. Секогаш се борев за заедничката цел и никогаш не го свртев грбот на моите соиграчи и на мојата земја. Нема многу што да се каже сега. Благодарам Португалија, благодарам Катар. Сонот беше убав додека траеше. Сега, времето ќе биде добар пријател и сите ќе можат да си ги кажат своите заклучоци“, објави Роналдо.