-Што е најважно во животот…?
Овие празници, ја славиме убавината на тоа да се биде заедно со семејството, со најблиските, со сите оние кои на овој или оној начин нѝ го прават животот поубав…Овие празници целосно се насочуваме кон убавината на споделувањето, кон она што значи да се подари мало внимание, кое на некому му значи толку многу…
Кампањата на Fashion Group за 2022 година е целосно насочена токму кон потсетување на тоа колку е значајно да ја споделиме радоста со целото семејство, со особен акцент на постарите кои секогаш играат неверојатна улога во нашите животи. Оваа година, на посебен начин се потсетуваме на сите оние кои одиграле посебна улога во нечиј живот, а кои секогаш се извор на толку убави спомени.
Се потсетуваме на тоа колку малите нешта будат искрена љубов во секој од нас, колку истите нè прават подобри луѓе, колку всушност се значајни за оние кои секогаш се полни приказни…
Токму тие приказни, оние посебните, секогаш нè инспирираат да бидеме подобри луѓе, уште повеќе да се трудиме да допреме до сечија желба, за на крај, секој од вас да се чувствува сосема свој во одбраното.
Како што беше случај изминатата година, така и оваа што доаѓа, Fashion Group целосно ќе се посвети на реализирање на сите ваши барања како нешто најважно кон што целосно ќе се фокусираме во првите денови од Новата година.
Токму оваа реклама, сосема емотивна и уникатна, ја отсликува нашата желба секогаш вистински да допреме до нашите клиенти и да го оствариме сето она што вие си го замисливте.
Во приказните на нашите клиенти секогаш се крие најголемата инспирација за нас, па токму оттаму и желбата да работиме уште подобро за да го донесеме поблизу сето она што вие си го замисливте.
Она што треба да го запомниме е дека овие празници, малку треба за најубавиот подарок!
Токму ваквите подароци, со кои ќе ги разбудите најубавите сетила и спомени кај најблиските, сезонава ќе ги најдете во продавниците на Fashion Group, каде новогодишната магија веќе започна!
ПР текст