Барак Обама во својот последен претседателски говор ги повика Американците да ги негуваат демократските вредности и да ја отфрлат дискриминацијата, сега кога власта ја презема неговиот наследник Доналд Трамп.
– Нашата демократија е загрозена секогаш кога је земаме здраво за готово. Сите заедно, без разлика на припадноста на некоја партија, треба да работиме на изградба на демократските институции. Демократијата бара чувство на солидарност. Со сите наши разлики во овој свет сме заедно, се воздигнуваме и паѓаме како еден, рече Обама, кој во текот на говорот неколкупати ги избриша солзите.
Во емотивниот настап, тој рече дека неговото време како претседател била најголема чест во неговиот живот. Обама како најголеми постигнувања во текот на својот мандат ги посочи нуклеарниот договор со Иран, отворањето кон Куба и заживувањето на американската економија.
Пред околу 18.000 лица во родното Чикаго, каде пред осум години го прослави влегувањето во Белата куќа, Обама го заврши својот проштален говор со тогашниот слоган „Да, ние можеме“ ( Yes, we can) менувајќи го во „Да, ние направивме“ (Yes, we did).