Режисерот Емир Кустурица ја прифатил понудата на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу да ја преземе функцијата главен директор на Централниот академски театар на руската армија.
Агенцијата РИА-Новости јави дека тоа денеска го соопштила прес-секретарката на шефот на Министерството за одбрана, Росиана Марковскаја.
-За мене голема чест понудата на Сергеј Шојгу да станам главен директор на Театарот. Театарската сцена на руската армија има голема историја и традиција“, рекол Кустурица.
Неговиот план е како директор на сцена да ги пренесе дејствијата на филмовите како што се советските од 1957 година, „Жеравите летаат“ и неговиот „Животот е чудо“ од 2004 година.
Во разговор со министерот Кустурица, истакнал дека ќе се обиде да ги „зачува класичните вредности“ бидејќи тие многу брзо се менуваат во светот.
Претходно беше најавено дека Кустурица на 23 февруари ќе настапи на Зимскиот меѓународен уметнички фестивал Јуриј Башмет во Соча.