ЕМА ќе се произнесе во 16 часот за Астра Зенека и тромбозите

by Fokus

Европската агенција за лекови, ЕМА, ќе одржи прес – конференција денеска во 16 часот во Амстердам за случаите со згрутчување на крвта.

Прес – конференцијата ја потврдија официјално на сајтот на ЕУ институциите.

Објаснувањата на ЕМА се очекуваат откако вчера главниот одговорен за стратегијата на вакцинација во оваа Агенција, Марко Кавалери, изјави дека постои поврзаност помеѓу вакцините на Астра Зенека и случаите на згрутчување на крвта.

 

Поврзани новости