Елтон Џон е итно хоспитализиран, колабирал во својата вила во Ница

by Fokus

Елтон Џон е итно хоспитализиран во неделата вечерта откако колабирал во својата вила во Ница.

Музичката легенда (76) била префрлена на ортопедскиот оддел на болничкиот центар „Принцес Грејс“ во Монако каде бил прегледан од страна на лекарите.

Портпаролот на Елтон Џон потврдил за MailOnline дека тој бил отпуштен денеска рано наутро и сега е вратен дома „со добро здравје“.

Во соопштението стои: „Можеме да потврдиме дека по падот во неговиот дом на југот на Франција вчера, Елтон ја посети локалната болница како мерка на претпазливост. По прегледот, тој веднаш беше отпуштен утрово и сега е вратен дома и е во добра здравствена состојба“.

Елтон го помина летото во Франција со својот сопруг Дејвид Фурниш и нивните два сина, откако ја заврши турнејата „Farewell Fellows Brick Road“ во јули.

Последен пат беше виден како ужива во релаксирачки ден на својата суперјахта со многу пријатели во Сент Тропе на 22 август.

Поврзани новости