Елмас: Во Наполи никој не го изговорил зборот „скудето“

by Fokus

Тимот на Наполи е се подалеку од конкуренцијата во Италија и се стекнува чувство дека за неколку седмици би можеле да се промовираат во нови шампиони во Серија А.

Македонскиот репрезентативец од овој клуб, Елиф Елмас истакна дека се уште никој во клубот не разговара за Скудетото се додека тоа не се случи.

„Имаме фантастична сезона и сакаме да продолжиме на овој начин. Во клубот никој се уште не го спомнал зборот „Скудето“, бидејки има уште многу пред нас“, порача Елмас.

Поврзани новости