Maкедонскиот репрезентативец Елиф Елмас вчера го постигна вториот гол сезонава во Серија А.
Во отсуство на повредениот Грузиец Кварцхелија, Елмас доби прилика од првата мината и на најдобар начин ја искористи.
Во првото полувреме Елмас го постигна голот за водство од 1:2 за Наполи, а тој резултат се покажа и како конечен.
За Елмас тоа беше трет старт во Серија А сезонава и со голот покажа дека тренерот Спалети секогаш може сериозно да смета на него.
Пред околу еден месец Елмас беше во центарот на вниманието поради објавената фотографија на социјалните мрежи, каде што ја објави клупата на Наполи и напиша „мојата прва љубов“.
Сега македонскиот репрезентативец истакна дека се работело само за шега и дека е среќен во Неапол и тогаш кога е на клупата.
-Квича е одличен човек, многу му помагам од кога дојде тука и среќен сум што игра одлично. Тоа со клупата беше само шега. Не сум човек кој сака контроверзи. Секогаш кажувам дека сум среќен што сум во Наполи дури и ако сум резерва. Најсреќен сум кога Наполи победува – порача Елмас.