Елмас претрча цел терен и даде гол за Наполи

by fokus

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети ги пофали своите избраници за пристапот на денешниот дуел со Аталанта на гостински терен.

Наполи победи со 3:1, а стрелец на третиот гол во 81. минута беше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Тој без топка го претрча цел терен при еден контра напад и на крајот со смирена реакција го совлада голманот.

– Се бориме за првото место. Поради ова тимот мора да ја има психологијата на победниците. Немаме право да се опуштиме. Неопходно е да се стремиме кон победа секоја минута. Аталанта покажа добар фудбал. Противникот не притисна до голот во вториот дел. Но, токму тогаш играчите на Наполи покажаа карактер. Очигледно беше дека резултатот од 2:1 не гарантира победа. Добро е што Елмас погоди и ни ја олесни работата до крајот, изјави Спалети.

Наполи е втор во табелата во Серија А со 66 бодови од 31 натпревар, зад водечкиот Милан кој има исто така 66 бода, но и натпревар помалку. Аталанта остана со 51 бод и се наоѓа на седмата позиција.

Поврзани новости