604
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас ќе биде во комбинација за настап во составот на Наполи на утрешното дерби во Серија А против Јувентус, откако клубот од Неапол соопшти денеска дека играчот за врска е негативен на корона вирус.
Елмас, кој е вакциниран со двојна доза против КОВИД-19, по новогодишните празници требаше да се врати од Скопје во Неапол, но поради позитивен ПЦР тест што му бил направен минатиот четврток остана во домашна изолација.
Македонскиот фудбалер минатата недела по втор пат беше позитивен на Ковид-19, откако се зарази со вирусот и во октомври минатата година кога отсуствуваше од терените три седмици.