Елмас: Ова е добра лекција за нас

by Fokus

Македонскиот дијамант, Елиф Елмас после мечот со Австрија порача дека од овој прв историски натпревар научиле многу и искуството за наредните натпревари ќе им биде од голема помош.

„Ова е добра лекција за нас. Имаме уште натпревари, не е ништо загубено. Се надевам дека ќе научиме многу од ова. На другите два мечеви ќе излеземе со многу поголемо искуство и сега треба да гледаме само напред. На последните два натпревари ќе одиграме како што знаеме“, истакна Елмас.

Поврзани новости