1K
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва му донесе победа на Наполи против Милан во италијанското првенство.
Елмас го постигна голот во 5. минута од првото полувреме, кога по едно нафрлување од корнер искусно стигна до топката и заби со глава.
Ова беше единствениот гол на натпреварот кој заврши 1-0. Елмас играше се до 88. минута, кога тренерот Лучиано Спалети го замени со Гулам.