854
Екипата на Наполи повеќе од еден месец не знае за победа во Серија А, а вечерва наполитанците се поразени дома од Болоња со 1:2.
Наполи е во голема криза, од 19 октомври нема победа во лигата, а против Болоња не им помогна ниту тоа што водеа со 1:0 по првото полувреме. Во 65 минута, Елиф Елмас беше повлечен од игра, место него влезе поофанзивниот Мертенс, но ризикот не се исплатеше, па Наполи остана и без тој бод што го имаше додека Македонецот беше на терен.
Наполи е седми на табелата со 20 бода, пет помалку од Аталанта која е шеста. Во следното коло, Наполи гостува кај Удинезе на Илија Несторовски.